ПОЧЕТНА ЗА НАС ПАРТНЕРИ УСЛУГИ КОНТАКТ ПРОЕКТИ
Барај :
 


 

 
 
         ПОЧЕТНА

SELF ASSESSMENT TOOL smeinnoboost.bas.bg/sat/index.php

Поттик на МСП иновативни капацитети (SME Innovation Capacity Boost)

Почитувани,

Регионалниот Бизнис Центар Скопје  Ви нуди можност да бидете дел од фирмите кои ќе добијат поддршка од Проектот „Поттик на МСП Иновативни Капацитети” / “SME Innovation Capacity Boost” финансиран од Европската Унија преку Балканско Медитеранската Програма за соработка 2014-2020 (“INTERREG Balkan-Mediterranean 2014-2020”).

Ве повикуваме да го пополните on-line прашалникот за само-оценка на иновативниот капацитет на фирмата со што го започнувате процесот на иновацискиот аудит кој Ви овозможува да направите процена на тековните способности и дефинирање на моменталните иновациски перформанси на Вашата компанија во главните области, како што се стратегијата, процесите и организацијата, како и споредба на овие перформанси со најдобрите практики на ниво на сектор и севкупно, како и на меѓусекторско ниво.

Истовремено, со пополнување на прашалникот станувате потенцијален член на првиот транснационален иновативен кластер од Балкан Медитеран Регионот.

За десет од компаниите кои ќе одлучат да се вклучат во Проектот  инвестицискиот аудит ќе заврши со субвенционирање на консултантските услуги за изработка  на акционен план за иновациски развој. ( особено интересно за фирмите со висок степен на иновативност и со добра иновативна идеја кој сакаат да аплицираат за средства од Фондот за иновации и технолошки развој ). Нагласуваме дека фирми од интерес на Проектот се сите фирми од ИТ секторот (производство на компјутерски, електронски и оптички производи), потоа фирмите чија дејност е компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности, како и фирмите регистрирани за обработка на податоци, хостирање и интернет портали и останати информативни услужни дејности.

Доколку Ви се потребни дополнителни информации, Ве молиме да не контактирате преку еден од назначените контакт методи.

 

 

Распишан тендер за изготвување извештај за компаративна анализа на ИКТ секторот за Република Северна Македонија во рамки на  реализација на проектот „Зголемување на иновативните капацитети на малите и средни претпријатија“ (Поттик на МСП иновативни капацитети), финансиран во рамките на програмата (INTERREG V-B) BALKAN - MEDITERRANEAN 2014-2020.

 

 

 

 

ЕУ Деск за иновативни финансиски пакети за подобра искористеност на европските фондови (EU Desk – FINA4MA)


Резултати од спроведеното истражување:




Работилница 25.04.2018 во Стопанска Комора на Република Македонија



 

 


English

 
УНХЦР
 
Агенција за поддршка на претприемништво на Р.М.
 
ТЕСЛА Мрежа
 
 
    Регионален Бизнис Центар - Скопје