ПОЧЕТНА ЗА НАС ПАРТНЕРИ УСЛУГИ КОНТАКТ ПРОЕКТИ
Барај :
 


 

 
ПРОЕКТИ
         ТЕСЛА Мрежа

ТЕСЛА Мрежа

„Проект: ТЕСЛА - Кон европските политики и најдобрите пракси за поддршка на апликации на повеќестепената локална власт„ - финансиран од Europe for citizens„ 

 

Период на имплементација: 01 Јуни 2015 - во тек

Предмет и локација:

ТЕСЛА Мрежа („Кон европските политики и најдобрите пракси за поддршка на апликации на повеќестепената локална власт“) е посветен на зајакнување на учеството на Европските граѓани во локална и регионална сфера со користење на повеќестепена локална власт како пристап со заедничката рамка која што е одобрена од Комитетот на регионите.

Оваа цел ќе се рефлектира и креирањето на збир на добри практики, кои ќе се појават од заедничко размислување за плодните искуства во областа развиени во опсег од 7 европски градови во Шпанија, Македонија, Португалија, Кипар, Романија, Естонија и Италија, со директно учество на експерти и практичари.

Посебен интерес за ТЕСЛА е размена на резултатите од искуствата од повеќестепена локална власт на европските мали и рурални заедници.

Тоа ќе биде постигнато со заеднички преглед на голем број на партнерски студии на случај поврзани со развој на туризмот и политики за ЕУ култура во рамките на локалната повеќестепена власт, искуства од социјален дијалог во меѓународна соработка и во соседните држави, иницијативи за локален и европски социјален дијалог фокусирани на развој на пристапот за учество помеѓу јавни тела и социјални и економски агенти, како да се оствари консензус и ефективен работен план за промоција на вработување. Како да се направи вклучувањето со Европски политики и како да се пренесе локалниот глас во Европските институции (и обратно), како да се води имплементација на повеќестепена власт во руралните средини, хостирање и придружување на мерки во локален социјален дијалог и пренесување на препораки до националните и европската мрежа на локална самоуправа.

ТЕСЛА Мрежа/веб: www.teslanetwork.eu

ТЕСЛА Мрежа/Facebook: www.facebook.com/teslanetwork

ТЕСЛА Мрежа/документ: Соопштение


English

 
УНХЦР
 
Агенција за поддршка на претприемништво на Р.М.
 
ТЕСЛА Мрежа
 
 
    Регионален Бизнис Центар - Скопје