ПОЧЕТНА ЗА НАС ПАРТНЕРИ УСЛУГИ КОНТАКТ ПРОЕКТИ
Барај :
 


 

 
ПРОЕКТИ
         ИНФО 2005, 2006 , 2007, 2008 , 2009, 2010
Овој проект беше дел од Програмата за развој на претприемништвото, конкурентноста и иновативноста на малите и средни претпријатија , реализирана од страна на Агенцијата за Поддршка на Претприемништвото на Република Македонија, вклучувајќи ја мрежата на регионални центри на локално ниво, во која беше вклучен и нашиот регионален центар,а со главна цел- креирање поволна бизнис клима и давање поддршка и помош на развојот на претприемништвото во Република Македонија.
 Проектот Инфо Точка имаше за задача да обезбеди потполни информации и советодавни услуги за заинтересираните претприемачи, со цел зголемување на степенот на нивната информираност, како и стекнување со потребните знаења за успешно отпочнување и/или водење на бизнисот.
 
 Како можни информативни услуги кои Центарот ги дава на клиентите се:
  • Информации за извори на финансирање
  • Информации за потенцијална консултантска помош за решавање на конкретни проблеми во работењето
  • Информации за саеми, трговски мисии и бизнис форуми во земјата и странство
  • Информации за можно учество  и аплицирање во домашни, странски и меѓугранични проекти
  • Информации за Европската мрежа на претпријатија и вклучување на нашите МСП во Европската база на бизнис соработка и
  • Други деловни информации и интернет истражувања
Од периодот на пилот фазата 2005 година до денес повеќе од 1250 претпиремачи се евидентирани во базата на претпријатија кои побарале некаков вид на информација од нашиот Центар.
Се очекува овој проект да има свое продолжение и во 2011 година.

 

 

 


English

 
УНХЦР
 
Агенција за поддршка на претприемништво на Р.М.
 
ТЕСЛА Мрежа
 
 
    Регионален Бизнис Центар - Скопје