ПОЧЕТНА ЗА НАС ПАРТНЕРИ УСЛУГИ КОНТАКТ ПРОЕКТИ
Барај :
 


 

 
ПРОЕКТИ
         Ваучерско советување, 2005 , 2006 , 2007, 2008, 2009, 2010
Програмата за ваучерско советување е облик на советодавна поддршка од страна на државата наменета на малото стопанство и на сите потенцијални претприемачи преку субвенционирање на конкретни советодавни услуги согласно потребите на претприемачите. За реализација на оваа програма беше задолжена Агенцијата за Поддршка на Претпријатијата на Р.М. вклучувајќи ја мрежата на регионални центри на локално ниво, каде што нашиот центар беше задолжен за териториите на Град Скопје и Град Велес,освен 2009 година , кога Градот Велес беше превземаен од Регионалниот Центар-Велес.
Цели на оваа програма се:
  • Потенцијалните претприемачи да започнат со имплементација на нивниот сопствен бизнис
  • Формирање нови работни места
  • Помош на новите фирми во првите критични години на постоење и
  • Остварување на повисоки стапки на развој на веќе постоечките фирми
За потребите на ваучерската програма, Советниците од базата на консултанти ,која може да се најде на интернет страницата на АППРМ, обавуваат советувања од следниве подрачја:
  • Деловна соработка и заеднички вложувања
  • Финансиско и инвестиционо истражување
  • Пазар и промоција
  • Право
  • Управување со човечки ресурси
  • производство и иновации
  • интернационализација
  • туризам
  • информациска технологија
Во текот на имплементација на оваа програма, 66 невработени лица и 73 постоечки фирми на територија на Град Скопје и Град Велес ги имаат искористено консултантските услуги кои се нудат во оваа програма.


English

 
УНХЦР
 
Агенција за поддршка на претприемништво на Р.М.
 
ТЕСЛА Мрежа
 
 
    Регионален Бизнис Центар - Скопје