ПОЧЕТНА ЗА НАС ПАРТНЕРИ УСЛУГИ КОНТАКТ ПРОЕКТИ
Барај :
 


 

 
 
         ЗА НАС

 

Фондацијата за развој на мали и средни претприемништва - Скопје е основана во 1998 година во рамките на Интегралната програмата ФАРЕ за поддршка мали и средни претпријатија. Правниот статус на Фондацијата, е невладина и непрофитна организација. 

Нејзини основачи се:

  • Градот Скопје

  • Занаетчиската комора на Град Скопје 

МИСИЈА

Воспоставување на конкурентска предност на Град Скопје преку поддршка и имплементација на иницијативите за забрзан локалниот економски развој и поддршка на програмите за прогресивен раст на малите и средни претпријатија.

ПРИОРИТЕТИ

Создавање на додадена вредност на економијата на Град Скопје, преку:

  • Создавање на поволно бизнис окружување со цел зголемување на конкурентноста на посоечките претпријатија како и иницирање на основањето на нови бизниси и нови сектори;

  • Поддршка на малите и средните претпријатија и промоција на концептот на претприемништвото;

  • Поддршка на невработените со цел подобрување на своите вештини и способности за вработување;

  • Подигнување на процентот на користење на расположливите кредитни линии; 

  • Зајакнување на капацитетот на институционалните партнери на Фондацијата (на Град Скопје, општините во градот Скопје и невладиниот сектор);

  • Создавање и промовирање на нови партнерства за локален економски развој

  • Зголемување на вработеноста преку промовирање на нови алтернативни мерки за вработување;

  • Иницирање на меѓународна економска соработка преку развивање на култура на "партнерство по проекти" во меѓународните програми и иницијативи 

  • Поддршка на трансферот на знаења и искуства преку промоција на примери на добра практика.

 


English

 
УНХЦР
 
Агенција за поддршка на претприемништво на Р.М.
 
ТЕСЛА Мрежа
 
 
    Регионален Бизнис Центар - Скопје