ЕУ Деск за иновативни финансиски пакети за подобра искористеност на европските фондови ( EU Desk – FINA4MA )
Период на имплементација:
февруари 2018 – септември 2018
Предмет и локација:
Главна цел на овој проект е подобрено бизнис окружување и олеснување на пристапот до финансии преку воведување нови финансиски инструменти за поддршка на малите и средни претпријатија за успешно користење на средствата од програмите на ЕУ наменети за развој на МСП.
Главна цел на проектот е: забрзан локален економски развој и подобрено бизнис окружување за финансирање преку олеснување на пристапот до финансии и воведување нови финансиски инструменти за поддршка на на малите и средни претпријатија , во насока на успешно користење на средствата од програмите на ЕУ наменети за развој на МСП.
Специјална цел на проектот е подготовка за имплементација на ново воспоставени специјални финансиски пакети за кредитирање на проекти финансирани од ЕУ (за институциите за локален економски развој, институции за поддршка на МСП, секторските здруженија и асоцијации), а со цел кредитирање на делот на потребните средства за претфинансирање и кофинансирање на проектите, пред се преку следните активности:
o Пилотирање на нови банкарски продукти/ пакети – кредитни линии за поддршка на фирмите во текот на подготовка, аплицирање и/или имплементирање на проектите финансирани од програмите на ЕУ (на пр., Програмата за конкурентност на МСП – COSME, Програмата за финансирање, истражување и иновации – Horizon 2020, Програмата за вработување и социјални иновации - PROGRESS компонента, Еразмус и Живот +, програмите за енергетска ефикасност и др.).
o Ревитализирање на претходно постоечката кредитно - гарантната шема во рамките на МБПР и редефинирање на процедурите за соработка со приватните банки;
o Реализација на 5 дводневни работилници за обука на 30 експерти од Националната база на експерти за подготовка на проектни апликации и 5 дводневни работилници со 20 лица претставници на 2 пилот банки и 8 центри - давателите на услуги на МСП за обука на верификатори на одобрените трошења, со цел креирање на ЕУ пулт за поддршка на „ банкабилни “ проекти на малите и средни претпријатија (т.е. проекти кој покрај тоа што ќе бидат одобрени за финансирање од европските програми ќе ги исполнуваат и условите за комерцијално финансирање од банките);
Финансиран од проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015. Со проектот ќе биде завршена првата фаза со која ќе се направат сите стратешки интервенции кои ќе обезбедат полесен и поефикасен пристап на МСП до финансиски услуги, т.е. ќе бидат Дизајнирани новите банкарски пакети и изработка на Програма за поголема вклученост на комерцијалните банки во процесот на апсорпција на фондовите на ЕУ (во различни фази на селекција и имплементација на проекти финансирани од ЕУ) . |