|
ПРОЕКТИ |
Почисто производство 2009 |
Со Проектот Воведување на принципите на Почисто производство беше предвидено да се постигне ефикасно користење на енергијата, минимизирање на генерирањето на отпадот и ефикасно користење на материјали и ресурси при секојдневните активности на туристичките капацитети со што би се постигнало обезбедување на превентивно и контролирано загадување на животната средина.
За време на семинарите, преставниците на туристичките капацитети на територија на Град Скопје беа запознаени со мерките на превентивно и контролирано загадување на животната средина и следењето на туристичката услуга од почеток (набавка на материјали и ресурси ) до крај (за време на престој на гостите и по нивното заминување ), паралелно следејќи го влијанието на услугата врз животната средина. Беа предложени нискобуџетни мерки и активности, но превентивни и максимално ефикасни.
Се очекува овој проект да продолжи и во 2010 година на територија на Град Скопје, но и во другите региони на Република Македонија каде се очекуваат можности за зголемена туристичка понуда. |
|
|