Со проектот се предвидуваше јакнење на капацитетот на градската администрација , со цел зголемување на степенот на искористеност на фондовите на меѓународните институции до кои локалната самоуправа и партнерите на истата имаат пристап.
Во текот на реализацијата на проектот , 35 лица, вработени во Град Скопје беа обучени за менаџирање на проектниот циклус, согласно со процедурите на ЕУ.
Финансиските средства за реализација на овој проект беа обезбедени од СЕЕНЕТ-Програмата, а партнери и соработници беа:
- Македонски Центар за Европско Образование и
- ЗБК Креација-Скопје
Беа реализирани сите предвидени активности и тоа:
- Тренинг за вработените во Град Скопје за Проектен менаџмент , согласно процедурите на ЕУ / водич за Менаџмент на проектен циклус;
- Подготовка на проектна документација за два проекти : (1) за промоција на туризмот и (2) за управување со цврст отпад .
|