ПОЧЕТНА ЗА НАС ПАРТНЕРИ УСЛУГИ КОНТАКТ ПРОЕКТИ
Барај :
 


 

 
ПРОЕКТИ
         Работна Единица Скопје 2004 - 2005

 

Проектот Работна Единица-Скопје, имаше за цел да се иницира процесот на отварање нови работни места во МСП на територија на Град Скопје, преку промоција на самовработувањето и волонтерската пракса.

 

Финансирањето на проектот беше од страна на Европската Комисија за Реконструкција, а партнери и соработници беа:

  • Министерство за труд и социјална политика на Р.М.
  • Општина Центар
  • Агенција за Вработување на Р.М.
  • Агенција за Поддршка на Претприемништвото на Р.М. и
  • Креација-Скопје

Реализацијата на проектот се одвиваше во два дела:

 

*        Дел 1. Организирање обука за невработени лица заинтересирани за отпочнување на сопствен бизнис

  • Организација на 6 семинари ( 120 клиенти ) со цел промовирање на самовработувањето и поттикнување на  невработените лица за  започнување на сопствен бизнис ,
  • Развивање на сопствена тренинг програма за разработување на   техниките на преточување на идеите во конкретен бизнис, и начините за генерирање на приход од избраниот бизнис
  • Промовирање на идејата за вработување и/или самовработување /по проект/ во невладини организации и обука за дефинирање на проектна идеја и подготовка на проектна документација соглсно процедурите на ЕУ.

*        Дел 2. Посредување при вработување на високо образован кадар во МСП и помовирање на волонтирањето

  •  Посредување при вработување на високо образован кадар во МСП во општина Центар и
  • Промовирање на волонтирањто како активна мерка за зголемување на вработеноста и дефинирање на истото во новата законска регулатива

 


English

 
УНХЦР
 
Агенција за поддршка на претприемништво на Р.М.
 
ТЕСЛА Мрежа
 
 
    Регионален Бизнис Центар - Скопје