Проектот- Чекори до самовработување- Од идеја до бизнис 2002-2003, беше финансиски поддржан од Комисијата за мали грантови при Амбасадата на САД во Република Македонија.
Во проектот земаа активно учество како партнери и соработници :
- Агенцијата за Вработување на Р.М.
- 12 Општини на територија на Република Македонија и
- НЕОЛ Консалтинг
Во времетраење од 12 месеци беа организирани 18 работилници со учество на 240 невработени лица, каде беше постигнато :
- Поттикнување на самовработувањето и поттикнување на невработените лица за започнување на сопствен бизнис ,
- Поттикнување на менаџерски дух и развој на претприемачките вештини кај истите
- Развој на сопствена тренинг програма која помогна за разработување на техниките на преточување на идеите во конкретен бизнис, и начините за генерирање на приход од избраниот бизнис.
|