Главна цел на проектот е јакнење на техничките и организациските операции на рударските капацитети Бучим и Лојане, преку воведување на концептот на почисто производство како превентивна стратегија за подобрување на животната средина.
Целни групи во овој проект се рударските капацитети во Република Македонија.
Со реализацијата на овој проект се постигнаа следниве резултати:
- Изработени се материјали и водич за промовирање и имплементација на Стратегијата за почисто производство и
- Остварени се петдневни обуки за преставниците на рударските капацитети од источниот и западниот дел на Република Македонија со цел запознавање со Стратегијата за почисто производство.
|