ПОЧЕТНА ЗА НАС ПАРТНЕРИ УСЛУГИ КОНТАКТ ПРОЕКТИ
Барај :
 


 

 
Реализирани проекти
         Семеен бизнис 2007, 2008 , 2009, 2010
Со проектот -Самовработување- Семеен бизнис, се изврши имплементација на Оперативниот План за активни политики за вработување за 2007,2008,2009 и 2010 година, дефинирани со Програмата на Владата на Р.М за 2006-2010 година.

Со овој проект беа опфатени сите невработени лица на територија на Република Македонија,  уредно пријавувани во АВРМ и тоа:

  • Млади невработени лица до 27 годишна возраст, невработени повеќе од 6 месеци
  • Жени, невработени повеќе од 1 година и
  • Долгрочно невработени лица

За спроведување на овој проект задолжено беше Министерството за труд и социјална политика на РМ, а активни учесници и партнери беа :

  • Агенција за Вработување на Р.М. ( АВРМ )
  • Агенција за Поддршка на Претприемништвото на Р.М.( АППРМ ),  со својата мрежа на Регионални Центри и
  • УНДП, кој воедно и управува со овој проект

  За овие четири години  на територија на Град Скопје и Град Велес, за кој беше задолжен нашиот Центар,  се  одбрани околу 150 невработени лица со најдобри бизнис идеи, на кои им се додели Грант (неповратни средства ), за да се самовработат и отпочнат свој сопствен бизнис.

Се очекува овој проект да има  свое продолжение и во 2011 година низ целата територија на Република Македонија. 


English

 
УНХЦР
 
Агенција за поддршка на претприемништво на Р.М.
 
ТЕСЛА Мрежа
 
 
    Регионален Бизнис Центар - Скопје