|
Реализирани проекти |
Успешни на саем 2009 |
Проектот -Успешни на саем- е дел од програмата на Центарот за 2009 година и преставува продолжение (втора фаза) на проектот -Организиран настап на саеми/форуми- со кој беше дефиниран нов пакет на услуги наменет за извозните фирми и фирмите заинтересирани за излез на странски пазари пред се во делот на техничките подготовки за колективен и индивидуален настап на фирмите, обуки за креативно осмислување на саемски штанд, успешна презентација на фирмата, методи за преговарање, со цел-склучување на договори за продажба и/или директна продажба.
Остварени резултати од проектот се:
-
Подготвен и публикуван Прирачник - Водич за успешен настап на саеми
-
Дефиниран модул за работилници на тема -Успешни на саем
-
Воспоставени партнерства со повеќе институции и/или консултантски куќи од европските земји
-
Реализација на сите технички подготовки за колективен настап на саем
Партнери и соработници на проектот беа:
-
Министерство за Економија
-
Град Скопје
-
Новак Феарс
|
|
|