ПОЧЕТНА ЗА НАС ПАРТНЕРИ УСЛУГИ КОНТАКТ ПРОЕКТИ
Барај :
 


 

 
Реализирани проекти
         Зелени хотели 2009

 

Со Проектот Зелени хотели се дефинираше методологијата за имплементација на еко - етикета ( еко ознака) во дел од капацитетите за туристичко сместување во Град Скопје, а истовремено се промовираат придобивките кои ги нуди системот за еко етикетирање за запазување на природните вредности на животната средина.
 
Партнери во проектот беа:
  • Градот Скопје
  • Министерство за животна средина и просторно планирање кое го донесе Планот за еко-етикетирање на производи и услуги, согласно Рамковниот Закон за животна средина и  политиките на ЕУ во областа на еколошко етикетирање на производи и услуги со кој се даваат насоките за делување и начинот за идентифиција на таканаречените зелени производи кои треба да бидат вклучени во системот на еко-етикетирање.
 
 

Остварени резултати од проектот се :

  • Подготвен  и публикуван Прирачник - Еко означување на мали пансиони и хотели
  • Организирани се работилници со цел претставување на еколошките критериуми за еко означување на туристичките капацитети и промовирање на придобивките кои ги нудат системите за еко означување.
  • Директни консултантски услуги за поддршка на хотелите - мотелите во активности за подготовка на апликациите за добивање на еко - ознака
Се очекува овој проект да има свое продолжение и во 2010 година, посебно за регионите каде има големи можности за развој на туризмот во Република Македонија.


English

 
УНХЦР
 
Агенција за поддршка на претприемништво на Р.М.
 
ТЕСЛА Мрежа
 
 
    Регионален Бизнис Центар - Скопје