|
Реализирани проекти |
Посредување при вработување -ЕМИ 2 , 2006 - 2007 |
Со Проектот се имплементараа дел од активни политики за вработување дефинирани со Програмата на Владата на РМ за 2006-2010 во делот на :
-
Посредување при вработување на високо образован кадар во МСП во 23 општини во Република Македонија и
-
Промовирање на волонтирањето како активна мерка за зголемување на вработеноста и дефинирање на истото во новата законска регулатива .
Остварени резултати од проектот:
-
Пријавени 20 фирми за учество во проектот
-
Пријавени 90 невработени, млади, образовани луѓе, од кои 28 беа избрани за волонтирање, а 21 лице добија работен ангажман
Проектот беше финансиран од Програмата за развој на Обединети Нации ( УНДП ), а партнери и соработници беа:
-
Министерство за труд и социјална политика на Р.М.
-
Агенција за Вработување на Р.М.
-
23 Општини на територија на Р.М. ( Карпош, Центар, Кисела Вода, Гази Баба, Гостивар Кичево, Дебар, Охрид, Струга, Битола, Кавадарци, Прилеп, Неготино, Струмица, Велес, Штип, Кочани, Ресен, Виница, Делчево, Гевгелија, Тетово и Ново Село ).
-
Неол Консалтинг
Напомена: Резултатите од Пилот проектот и успешно дефинираната постапка за негово комбинирање со Програмата за групно ваучерско советување беа причина истиот да прерасне во Национална Програма на Владата на Република Македонија. |
|
|