Проектот е реализиран со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија, а со цел поттикнување на самовработувањето и поддршка на претприемништвото кај младите невработени лица на територија на Р.М.
Реализацијата на овој проект ги предвидуваше следните активности:
- Организација на 12 семинари (240 клиенти) со цел промовирање на самовработувањето и поттикнување на невработените лица за започнување на сопствен бизнис.
- Поттикнување на менаџерскиот дух и развој на претприемачки вештини кај истите,
- Развивање на сопствена тренинг програма за разработување на техниките на преточување на идеите во конкретен бизнис и начините за генерирање на приход од избраниот бизнис,
- Промовирање на идејата за вработување и/или самовработување по проект во невладини организации и обука за дефинирање на проектна идеја и подготовка на проектна докумантација, согласно процедурите на ЕУ
Партнери и соработници во проектот Чекори до самовработување- Од идеја до бизнис 2006-2007, беа:
- Агенцијата за Вработување на Р.М.,
- 12 Општини во Македонија и
- НЕОЛ Консалтинг
|