Проектот- Стоп за пластиката -како дел од Програмата за намалување на употребата на пластиката 2003-2004, ја опфати реализацијата на следните активности:
- Испитување на интересот за замена на пластиката со нови видови еколошки материјали
- Формирање на јавно приватно партнерство, со цел промоција на фирма за производство на еко-чаши
- Подготовка на проектна документација со цел обезбедување средства од меѓународните институции.
Проектот беше финансиран од страна на ГТЗ ЛЕАП Канцеларија на Град Скопје, а партнери и соработници во проектот беа:
- Министерство за Економија на Р.М. и
- ЗБК Креација-Скопје
|